Дина Јашари младата македонска кантавторка се најде меѓу финалистите за годинашната награда „Милан Младеновиќ“, што се доделува во чест на фронтменот на групата „Екатерина Велика“.
Со песната „Дома“, Јашари влезе во потесниот круг покрај 11 други од поранешна Југославија.
За наградата првично конкурирале 229 песни, од кои биле издвоени 45 полуфиналисти. Финалните 12 песни ќе бидат објавени на промотивна компилација, соопштија од жирито.
Наградата е востановена во 2019 година, а се доделува на 21 септември, на денот кога е роден Милан Младеновиќ. Победникот добива статуетка и парична награда од 3.000 евра.
Дина Јашари лани објави еден мини албум насловен „Дома“, таа е авторка и продуцентка на својата музика.