Доктор Жарко Караџовски, претседателот на Комисијата за заразни болести, позитивен на корона

пред 3 години

Претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски, е позитивен на коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Тој се чувсѕтвува добро и е на домашно лекување.

„Доктор Караџовски останува дома во изолација, се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга“, велат од Министерството.

Од таму информираат дека според епидемиолошката анкета, Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, со колеги од Институтот за јавно здравје, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.

Share
Scroll to Top