На Нетфликс започна да се прикажува документарен филм за најпознатиот сајт за возрасни, „Мани шот: д порнхаб стори“, во режија на Сузан Хилингер.
Во документарецот зборуваат бројни работници од порно индустријата, а самиот филм критички ги анализира негативните аспекти на „Порнхаб“, како и негативните реакции насочени кон таа веб-страница во последните години.
„Порнхаб“ првично бил бесплатен сајт за пиратски и аматерски еротски содржини, а кога бил лансиран во 2007 година, модераторите на веб страницата дозволиле каков било вид видео да се прикачи на страницата, како и да се преземе.
Индипендент потсетува дека во тоа време поради малиот број работници на платформата стигнувале секакви содржини, вклучително и детска порнографија. Имено, компанијата во сопственост на „Порнхаб“ вработила само триесетина модератори кои следеле неправилни содржини на страницата, а во една смена морале да прегледаат и до 800 видеа, па би пропуштиле илјадници видеа со нелегална содржина.