Документарецот за македонскиот Елвис Присли на фестивал во Сараево

Документарецот за македонскиот Елвис Присли на фестивал во Сараево

пред 2 години

Документарниот игран филм „Сонцето не грее на сите страни” во режија на Глигор Кондовски денеска ќе биде прикажан на програмата AJB Industry, во рамки на фестивалот Ал Џазира Балкан фестивал за документарен филм во Сараево. Директор на фотографија е Слаѓан Милошевски, продуцент Дејан Милошевски, а монтажата на филмот е на Иван Костадиновски.

dobivaj vesti na viber

„Сонцето не грее на сите страни” кој е во селекцијата „Балкански ѕвезди“, ја следи приказната за македонскиот Елвис Присли – Ване Црнгаров, од струмичкото село Куклиш, кој заминал за Австралија. Сиромаштијата го тера главниот лик да почне да се занимава со музика за да заработи за живот. Приказната се одвива и во Австралија каде тој настапува како легендарниот Елвис Присли, но и во Куклиш за кој тагува и е носталгичен целиот живот„, велат од „Револутион продукција“ .

Оваа година на програмата AJB Industry се селектирани 32 проекти од 21 земја. Целта на платформата е да им овозможи на режисерите и на продуцентите да се поврзат со фондови, дистрибутери и агенти за продажба за развој и презентација на филмовите кои обработуваат разнлични теми.

Во четирите фестивалски денови на учесниците им се нуди учество на пичинзи, дискусија на тркалезни маси, панел-дискусии и индивидуални средби со професионалци од светот на документаристиката.

Share
Scroll to Top