Потребни состојки:
250 гр путер
200 гр шеќер (или помалку ако сакате)
1 јајце
400 гр бело брашно
500 гр излупени вишни
4 лажици гриз
Начин на подготовка:
Изматете ги путерот, шеќерот и јајцето (извадете го путерот од фрижидерот најмалку половина час пред да почнете со мешање). Кога убаво ќе ги измешате состојките, додадете брашно и ситно измесете го тестото да не се лепи за рацете. Поделете го на два дела, ставете го во кеса и оставете го да остане 2-3 часа во фрижидер. Кога тестото ќе се стврдне, расукајте го во форма на круг. Ставете го првиот круг во калап и посипете го со две лажици гриз. Наредете ги вишните преку гризот и посипете го остатокот од гризот над вишните. Покријте ги вишните со второто тесто или исечете ленти од тестото и направете мрежа. Печете ја питата во рерна загреана на 175 степени и печете околу еден час или додека лентите од тесто не поруменат.