Домородци го обожувале принцот Филип како бог,па ќе го испратат со посебни ритуали

Домородци го обожувале принцот Филип како бог,па ќе го испратат со посебни ритуали

пред 3 години

Домородно племе од островска држава Вануату, во јужниот Пацифик, со децении го обожавало британскиот принц Филип како бог. Тие неговата смрт ќе ја одбележат со специјален ритуал со церемонијален танц и тажење, пишуваат британските медиуми.

Домородците веруваат дека Војводата од Единбург бил реинкарнација на древен воин кој ги напуштил нивните острови за да војува. Племето во Јаохнанен на островот Тана во Вануату верува дека водачот на борците еден ден ќе се врати со богата бела жена.

Антрополозите сметаат дека домородците го поврзале принцот Филип со нивниот древен мит за време на 60-те години од минатиот век, кога Вануату било британско-француска колонија.

Почитувањето на принцот во племето било на ниво на култ. Домородците секој ден се молеле принцот да ги благослови нивните посеви со банани и сладок компир. Повеќето куќи во племето чуваат врамена слика на принцот Филип, а според експертие, тие ќе продолжат да ги негуваат овие верувања и по неговата смрт.

Share
Scroll to Top