Фудбалер заработил милиони, а откако сè и оставил на сопругата таа го оставила

Фудбалер заработил милиони, а откако сè и оставил на сопругата таа го оставила

пред 2 години

Фудбалерот на Зимбабве, Тандаиј Ндоро, остана без своите милиони кои ги имал заработено во кариерата, поради сопругата Тандо Масеко. Откако и препишал сè таа го оставила. Најголем дел од парите тој ги заработи играјќи за оманскиот клуб Ал Орууба.

Кога се запознале со Масеко, таа работела како модел. Ндоро бил сигурен дека со неа ќе биде засекогаш, па сите пари кои ги имал и недвижности и автомобилите ѝ ги препишал на неа. Откако го направил тестаментот, таа поднела барање за развод и му земала сè.

Ндоро бил приниден да прогласи банкрот и сега едвај спојува крај со крај. Вели дека тешко му е сега повторно да заработува од фудбалот затоа што е во поодминати години.

„Бракот им беше ужас. Секогаш се караа, а тој покрај тоа се препиша на нејзино име. Кога бракот се распадна, таа му зема сè и поради тоа моментално е во многу тешка финансиска ситуација“, рече извор близок до Ндоро.

Share
Scroll to Top