Доналд Трамп од Белата куќа: Ограбен сум, ова беа лажни избори

Доналд Трамп од Белата куќа: Ограбен сум, ова беа лажни избори

пред 3 години

Претседателот на САД и претседателскиот кандидат, Доналд Трамп, се обрати синоќа на јавноста од Белата куќа и изјави дека бил ограбен кога се изборите во прашање и дека истите биле лажни.

„Ако ги преброите легалните гласови, јас имам лесна победа. Ако ги преброите нелегалните гласови, тогаш губам. Многу ливичња стигнаа по затворањето на избирачките места, со задоцнување. Измамен сум“, порача Трамп во обраќањето кое почна пред 19.00 часот по локално време.

Трамп изјави дека предвидувале победа на Бајден во многу држави, но всушност се случило спротивното.

„Го задржавме Сенатот. Освоив најголем број на гласови во историјата од Хиспаноамерикнаците, Афроамериканците и американските староседелци. Ова се лажни избори, морам така да кажам. Добивме во голем број земји, а тогаш, по некое чудо, работите почнаа да се вртат во корист на Бајден. Но, предвидов дека гласањето по пошта ќе биде измама“, изјавил Трамп.

Трамп изјавил дека од спротивниот табор пресметале точно колку гласови им се потребни и тогаш биле испратени преку пошта.

„Неверојатно е како сите ливчиња кои беа испратени преку пошта допринесоа за една работа. Да не зборувам за прекнувањето на броењето на гласовите. Луѓето ми пишуваа праки, никогаш не видов толкава љубов, таква поддршка од граѓаните. Но, противниците сакаат да ги украдат изборите, а ние не смееме да им го дозволиме тоа“, изјави Трамп.

Претходно Џо Бајден на „Твитер“ напиша дека народот нема да биде замолчен, малтретиран и нема да се предаде и дека секој глас ќе биде изброен.

 

 

Share
Scroll to Top