Дориjа ќе се всели во домот на Меган и Хари

Дориjа ќе се всели во домот на Меган и Хари

пред 3 години

Мајката на Меган Маркл, Дориjа, ќе се пресели во нејзиниот дом во Калифорнија, пренесуваат светските медиуми. Според пишувањата на таблоидите, Меган и Хари немаа можност да се дружат со Дорија, откако се преселија во Лос Анџелес и го напуштија кралското семејство.

„Меган, Хари и Арчи немаа можност да се видат со Дориjа, поради изолацијата и глобалната пандемија, која ја парализираше цела Калифорнија. Принцот Хари и Дориjа се во одлични односи и покрај разните пишувања и проблемите кои ги имаа со таткото на Меган, Томас Маркл“, открива извор близок до популарното семејство.

Дориjа вели дека отсекогаш била горда на нејзината ќерка Меган. Таа изјавила дека Меган е силна и дека не е загрижена за нејзината иднина, со оглед на тоа дека станала целосно финансиски независна. Дориjа уште од почетокот и беше голема помош на Меган, па сега и не е за изненадување што повторно ќе бидат заедно и ќе и помогне околу грижата за Арчи, отрива изворот.

Share
Scroll to Top