Дуа Липа со дечкото Анвар Хадид и семејството дојде во Албанија каде беше на прием кај премиерот и градоначалникот на Тирана. Славната пејачка заедно со градоначалникот Ерион Велиај, присуствуваше на настан зардаи градењето на градинката „Сани Хил“ во центарот на градот.
Липа со хуманитарна кампања и со сопствени средства ќе помогне во опремувањето на просторот наменет за 300 деца.Ѕвездата, чии родители потекнуваат од Косово, беше и на свечен прием кај премиерот Еди Рама.
На социјалните мрежи, 25-годишната изведувачка на „Levitating“ сподели моменти од престојот во Албанија.