Постојат неколку локации низ Стариот континент каде уживањето во чадот од марихуана е дел од културата, како и пиењето италијанско кафе или француско вино. И додека во последниве години е постигнат значителен напредок во употребата на канабисот за медицински цели, во многу земји сè уште се лишени од нејзината консумација.
Амстердам, Холандија
Овој град се издвојува од повеќето европски метрополи по својата отвореност кон марихуаната. Во специјализираните места, познати како кафулиња, пушењето марихуана е легално, но одгледувањето сепак е кривично дело. Иако марихуаната е одлична мамка за туристите, да не заборавиме дека градот крие некои од најдобрите музеи, познати архитектонски дела, одлична гастрономска сцена, па ако не сте корисник на марихуана, вреди да дојдете за се останато.
Копенхаген, Данска
Поточно, областа Кристијанија. Тоа е анархистичка населба во која марихуаната се продавала сосема легално. Населбата била окупирана од хипици во 1970-тите, а денес околу деветстотини луѓе живеат независно од данскиот закон. Познат е и како „област на зелено светло“, со оглед на сите видови канабис што се тргуваат таму. Но, тоа создаде проблеми и разни кавги во соседството, па денес, иако е достапен канабисот, населбата е многу попозната по шарените улици, кафулиња и ресторани.
Барселона, Шпанија
Марихуаната технички не е дозволена во Барселона, во пракса е поинаку. Можете да ја консумирате во приватен простор или клубови, додека на улица има малку посериозна приказна. Сепак, познато е дека тоа може да се направи на одредени места. Можно е низ целиот град да најдете клубови за канабис во кои мора да се приклучите и кои не смеат да се рекламираат.
Прага, Чешка
Град кој сè уште, за разлика од првите три на листата, може да се посети без премногу пари. Во Барселона исто така не е целосно легално, но никој нема да ви пречи да поседувате до 15 грама марихуана. Марихуаната често може да се купи директно од келнерот.





