Еден од потенцијалните наследници на тибетанскиот духовен лидер Далај Лама е обвинет за силување

Еден од потенцијалните наследници на тибетанскиот духовен лидер Далај Лама е обвинет за силување

пред 3 години

Потенцијалниот наследник на Далај Лама, Кармап-Лама Урген Тринле Дордже, кој е еден од потенцијалните наследници на тибетскиот духовен лидер Дамај Лама е обвинет од калуѓерка која тврди дека ја силувал и дека сега не плаќал алиментација за неговата ќерка.

Кармап-Лама е еден од најсветите фигури во тибетскиот будизам, а според британски „Тајмс“, тој претходно изгубил на суд во Канада, откако бил обвинет од поранешна калуѓерка Вики Хуи Дин Хан, дека ја силувал и дека не плаќал алиментација за нивната ќерка.

Таа сега живее во Британска Колумбија и тврди дека Кармап ја силувал во манастир во Њујорк во 2017 година. Таа вели дека потоа двајцата останале во блиски контакти, преку интернет и влегле во еден вид на неформален брак.

Кармап наводно и испратил на Вики 700.000 долари, пред да изгуби контакт со неа во 2019 година. Тој и испратил и 400.000 долари за куќа и 20.000 долари за прстен. Во преписката и рекол дека негова вечна должност ќе биде да ги издржува неа и ќерката, изјавил обвинителот.

Судот пресудил дека поранешната калуѓерка има право да го тужи, но, како што сметаат некои правни експерти, ќе ѝ биде тешко да докаже дека биле во неформален брак. Кармал има триесет години и негирал дека имал афера со калуѓерката, но, признал дека и испратил пари за детето.

Тој е еден од двајцата посериозни потенцијални кандидати за позицијата на Далај Лама.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top