Едноставен рецепт за кифли со кашкавал и шунка

Едноставен рецепт за кифли со кашкавал и шунка

пред 2 години

Состојки:
300 грама обично брашно, 12 гр прашок за пециво, 1 лажичка сол, 60 мл. млеко, 60 мл. 140 мл. јогурт, 1 белка од јајце.

Полнење:
100 грама рендан кашкавал, 100 грама шунка.

За премачкување:
1 жолчка од јајце и семиња по ваш избор

Подготовка:
Во поголем сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Додадете јогурт, млеко, масло и белка – мешајте додека не се соединат состојките. Тестото замесете го со рака, ставете го на набрашнета површина, набрашнете ја горната страна и виткајте го во круг. Во меѓувреме заагрејте ја рерната на 200 степени. Поделете го тестото на 16 еднакви делови. На секое парче тесто, на поширокиот дел, ставете малку кашкавал и шунка и виткајте го во ролат што ќе го ставите на плех обложен со хартија за печење. Постапката повторете ја со преостанатото тесто и состојките. Изматете ја жолчката и со неа премачкајте ги кифличките. Посипете ги со семките по ваш избор и ставете ги во загреана рерна. Печете околу 20 минути додека не поруменат кифлите.

Share
Scroll to Top