Британскиот пејач и композитор, Ед Ширан, заработи скоро 70 милиони фунти и покрај тоа што годинава не сними ниедна песна, но имаше успешна турнеја лани и на почетокот на годината, па оттаму парите, пишува „Дејли меил“.
Ширан, според весникот, дневно заработувал по околу 200.000 долари. Во овие пари е вклучена и продажбата на неговите песни на неколку музички платформи.
Ширан, иако заради пандемијата реши да паузира и да се фокусира на сопругата и бебето што се роди пред неколку месеци, на почетокот на неделата најави дека за неколку дена ќе промовира нова песна, Afterglow.