Експерт за хемиско чистење открива неколку трикови околу перењето алишта

Експерт за хемиско чистење открива неколку трикови околу перењето алишта

пред 3 години

Експертот за хемиско чистење Вил Лангстон од Велика Британија ги отфрла сите митови околу перењети и дава одлични совети кои ќе ви ја спасат облеката и обувките.

1. Дали чевлите треба да се перат во машина за перење?

Многу луѓе се одлучуваат за ова решение – ставаат патики или меки чизми во машината за перење, ги перат на нежна програма и проблемот со перење чувствителни чевли е решен.

„Строго ве советуваме никогаш да не го правите ова. Топлината на водата во машината може целосно да го уништи лепилото на чевлите што ги држи сите делови заедно, а машинското перење може целосно да го деформира обликот на чевлите. Постои уште една непријатна можност – чевлите можат да се смалат за неколку броеви, во зависност од каков материјал се направени“, вели Лангстон.

2. Дали белото вино ги отстранува дамките од црвеното вино?

„Дефинитивно не“, вели експертот.

„Најдобро е ги натопите во ладна вода алиштата со дамки од вино, а  потоа да нанесете течен детергент врз дамката. Откако ќе исчезне дамката, испрете ја на вообичаен начин.

3. Зошто се става тениско топче во барабанот пред перење?

„Овој трик ги прави вашите крпи помеки и попуфкасти“, вели Лагстон.

4. Дали повеќе прашок значи почисти алишта?

„Апсолутно не. Максималното количество детергент во преградата е означено со причина. Згора на тоа, вишокот детергент може да ви предизвика проблем, вклучувајќи бели дамки на облеката, чудни мириси, но и затнат одвод”, смета експертот.

5. Дали машината треба да се мие?

Сите ние веруваме дека машината сама се мие додека ја пере облеката. Сепак, машината треба да пере и празна, максимално на секои 6 недели на најтопол и најдолг циклус на перење.

„За да бидете сигурни дека сте ги уништиле сите бактерии, додадете малку оцет или белило“, советува Лангстон.

6. Дали ладното перење е подобро за околината?

„Да, и за одредени материјали воопшто не е потребна топла вода. За крпи, постелнина и долна облека, се препорачува програмата да се одржува што е можно потопла, за да се убијат бактериите, а за сè останато – не“, вели тој.

Ладното перење е одличен начин да се спречи загадувањето на животната средина, но и да се заштеди струја – 90% од електричната енергија машината троши за загревање вода, а само 10 за перење. Исто така, ладното перење ви заштедува повеќе работи – бојата бледе помалку, алиштата не може да се собираат и во ладна вода можете слободно да перете облека од која било боја

„Нема шанси да пушти боја и да обои сè останато“, објаснува Лангстон.

7. Дали детергентот ги убива бактериите на облеката?

„Не. И високата температура не го прави тоа целосно. Единствен сигурен начин да се убијат сите бактерии е да се додаде белило на база на хлор или борово масло пред перење. Алиштата совршено се дезинфицираат во машината за сушење”, заклучува експертот. .

Share
Scroll to Top