Елена Ристеска ја пееше македонската химна во американската амбасада за Денот на независноста

 Елена Ристеска ја пееше македонската химна во американската амбасада за Денот на независноста

пред 2 години

Поп-пејачката Елена Ристеска вчера ја пееше македонската химна за Денот на независноста на САД. По двегодишната пауза поради пандемијата, во дворот на американската амбасада во Скопје се одржа традиционалната прослава. 

Елена Ристеска сподели фотографии на социјалните мрежи од атмосферата на свеченоста.

„Ми беше чест што се запознав со прекрасната Амбасадорка на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз на прославата на Денот на независноста на САД во Скопје и ми беше чест што ја отпеав македонската химна. Заедно со мојот пријател и соработник од Америка, Артуро Галварез одлично се забавувавме на прекрасната забава“, напиша Ристеска.

На приемот за 246-годишнината од основањето на САД присуствуваа политичари, јавни личности и соработници на амбасадата.

Фото: Фејбук на Американска Амбасада

Share
Scroll to Top