Емили Ратајковски е бремена

пред 3 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Дваесет и девет годишната манекенка Емили Ратајковски, е бремена и го чека своето прво бебе со сопругот Себастијан Беар-Меклард. Таа за Vogue ја потврди веста дека наскоро ќе стане мајка.

Со фотографија на насловната страна, на која се смешка и го мази својот стомак, Емили објави и видео во кое за момент позира целосно гола.

„Ќе бидам благодарна за ова видео до крајот на мојот жвот. Фала му на мојата пријателка Лени Дунхам, која ја смисли целата оваа приказна. Се снимив дома и фала им на сите кои учествуваа во неа“, напишала Емили.

Таа изјавила дека со сопругот нема да го откријат полот на детето.

„Секој пат кога сопругот и јас на некого ќе му кажеме за бременоста, по честитките, сите не прашуваат што сакаме да имаме. Сакаме да им одговориме на сите дека за полот на детето нема да знаеме се додека тоа не наполни 18 години и дека тогаш тоа ќе не извести на. На овој одговор сите ни се смејат“, изјавила Емили за време на интервјуто.

Емили е уште една во низата на познати светски ѕвезди, кои потврдија дека карантинот е вистински бејбу бум. Манекенката важи за една од најголемите ѕвезди на „Инсаграм“, каде ја следат 27 милиони пријатели.

 

View this post on Instagram

 

bye blondie it’s been fun

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on Jul 20, 2020 at 7:52am PDT

Share
Scroll to Top