Енди Мареј е избран за најхуман тенисер во 2022, заработката од турнирите ја донира за децата во Украина

Енди Мареј е избран за најхуман тенисер во 2022, заработката од турнирите ја донира за децата во Украина

пред 2 години

Британскиот тенисер Енди Мареј е добитник на годинашната награда „Артур Еш“ за хуманитарна работа, откако парите заработени од турнирите на кои играше ги донира за децата од Украина.

За време на турнирот во Индијан Велс, Мареј најави дека целата сума од турнирот ќе ја донира, заедно со заработка од турнирите до крајот на годината и сега таа сума достигна околу 630.000 долари.

„Беа бомбардирани куќи, а семејствата беа иселени. Малите деца беа погодени од оваа војна, многу беа повредени, а некои беа убиени. Не бев сигурен како можам да помогнам, па решив дека од Индијан Велс па наваму, сите пари што ги освојувам на турнирите ќе ги донирам на УНИЦЕФ. Тоа ми даде дополнителен мотив, а се надевав дека и некои други играчи ќе се приклучат во собирањето помош“, изјави Мареј.

Share
Scroll to Top