Енергетскиот штаб на „Златната бубамра“ ги највува најголемите естрадни и спортски ѕвезди

Енергетскиот штаб на „Златната бубамра“ ги највува најголемите естрадни и спортски ѕвезди

пред 1 година

Најпопуларната манифестација на домашната сцена – Златната бубамара на популарноста 2023 е прикрај и во фаза на завршното дотерување на овогодишната церемонија која ќе се  одржи на 16 март во салата „Борис Трајковски“.

Во духот на штедењето како главна одлика на изминатата година, овогодишното мото на Златната бубамара е „Да ги наполниме батериите на евтина струја“ , а штедливоста и енергетската ефикасност на свој, сатиричен и хумористичен, начин ги обликуваа скечовите и содржините на овогодишниот спектакл.

Енергетски ефикасниот штаб кој ја подготвува манифестацијата, како и секогаш, ги чува содржините во врвна тајност, но ги најавува најголемите естрадни и спортски ѕвезди – од домашната и регионалната сцена.

Веќе се објавени и двата постери за овогодишната 26. Златна Бубамара. Едниот со мотото на овогодишниот спектакл го изработи нашиот традиционален соработник, графичкиот дизајнер Ласко Ѓуровски, а другиот постер – со остарените и залежани суперхерои кои нестрпливо ја чекаат Златната Бубамара за да се размрдаат – го изработи младиот стрип-цртач Никола Димов. Како екстра додадена вредност – годинава Златната бубамара ќе добие и стрип.

 

Share
Scroll to Top