Или Светското е тешка местенка или поранешната фудбалска ѕвезда Самуел Ето е новиот Астрадамус, сметаат заговорниците, откако Камерунцот на шега ги погоди сите успеси на Мароко на Мундијалот.
Можеби само промаши за неговата репрезентација Камерун, но за другите африкански земји знаеше повеќе од сите други. Пред финалниот меч, сите зборуваат за сензационалниот пласман на Мароко, откако успеаа да ги елиминираат Белгија, Шпанија и Португалија. Сега на ред им е Франција.
Ова ќе биде најтешката задача за Мароканците, но Ето верува дека ќе успеат да стигнат и до финале.

„Мислам дека ова е првпат да плачам по еден натпревар. Се обидов да ги контролирам емоциите, да бидам пример, но некогаш е претешко. Кога ќе ја доведете својата земја до полуфинале на Светско, не можете да се контролирате, емоциите ве преплавуваат. Невозможно е да се каже што ќе се случи. Мароко ќе експлодира. Ова е неверојатно. Да му донесам толкава радост на нашиот народ е нешто од што нема ништо подобро“, додаде Реграгуи.
„Имаме јасен план. Секој мора да го одработи свеото. Зијеш и Буфал никогаш не трчале волку, но тоа го прават за својата земја. Мораме да се бориме повеќе од другите, затоа што немаме исто оружје. Ако немате срце, не можете да ги победите големите екипи. Му покажавме на светот дека во животот сè е можно со малку талент, квалитет и пари. Ако сакате да работите и да верувате, тогаш можете“, додаде Реграгуи.
ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ
Би можело да ве интересира
Емоции, љубов, музика: Маријана и Росана по 20 години пееја заедно во Скопје
Пејачката Романа Паниќ се мажи за човекот со кого ограбуваше банкомати во Австралија
(Видео) Улични забавувачи жонглираа низ Скопје
Почина една од најдобрите кошаркарки во поранешна Југославија, Жана Лелас
Се гушкаат за да преживеат: Фотограф минал две зими на Антарктикот со 10.000 пингвини.
Новогодишната елка пред центарот „Рокфелер“ ги разочара Американците
