Еурофарм Пелистер го победи Нексе и го освои третото место во СЕХА-лигата

Еурофарм Пелистер го победи Нексе и го освои третото место во СЕХА-лигата

пред 2 години

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го освоија третото место на фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата, откако го победија Нексе 27-23.

dobivaj vesti na viber

Првото полувреме беше изедначено и двете екипи се менуваа во водство, а на полувремето Нексе замина со предност од 13-12. Нексе го постигна и првиот гол од вториот дел и поведе 14-12, а потоа следуваше серија на Еурофарм Пелистер од 6-1. Македонските ракометари до крај ја одржаа предноста и го освоија третото место во регионалното натпреварување.

Најдобар стрелец во битолскиот тим беше Хосни со шест голови.

Победник во СЕХА лигата годинава е Веспрем кој во финалето го победи домаќинот Загреб.

Share
Scroll to Top