Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс ќе ги водат „Оскарите“

Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс ќе ги водат „Оскарите“

пред 2 години

Комичарките Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс ќе го водат овогодинешното доделување на „Оскари“, а продуцентите на церемонијата се обидуваат да привлечат нови гледачи по рекордно ниската гледаност во 2021 година, објавија во понеделникот „Вараети“и „Њујорк тајмс“.

Продуцентите ги финализираат деталите, а официјалното соопштение ќе биде објавено во вторник во емисијата „Добро утро, Америка“ на Еј-би-си. Телевизиската куќа која е во сопственост на „Волт Дизни ко“, ќе ја емитува церемонијата на доделување на „Оскарите“ на 27 март.

Највисоките почести во филмската индустрија, што ги доделува Академијата за филмски уметности и науки, немаат домаќин од 2018 година.

Share
Scroll to Top