Популарната комедија „Ејс Вентура“, ќе добие трето продолжение, пишуваат светските медиуми. Новиот филм се работи во студиото на Amazon Prime Vide, а веста прв ја откри режисерот на првите два филма Том Шадјак.
„Ace Ventura ќе добие ново продолжение и се планира да биде објавен на големото платно во кино салите. На скриптата ќе работат авторите од филмот Sonic the Hedgehog“ изјави Шадјак.
Се уште не се знае дали Џим Кери ќе биде главниот лик, или пак студиото ќе мора да бара нов глумец.