Жал ми е за стореното, рече Драган Бјелогрлиќ откако беше пуштен да се брани од слобода

Жал ми е за стореното, рече Драган Бјелогрлиќ откако беше пуштен да се брани од слобода

пред 3 години

По тричасовниот распит во Основното јавно обвинителство, денес глумецот Драган Бјелогрлиќ, беше пуштен да се брани од слобода. Во судот Бјелогрлиќ го призна делото за кое се товари и рече дека му е жал што го удрил режисерот Предраг Антонијевиќ.

„Тој целосно призна дека го извршил делото и изрази жалење. Имајќи го тоа во предвид, обвинителството одлучи да му ја укине мерката притвор“, изјави портпаролот на Вишото јавно обвинителство во Ниш, Владимир Станојевиќ.

Бјелогрлиќ во изјава за медиумите ја поздрави одлуката на судијата и им се заблагодари на обвинителите и полицајците од Ниш.

„Секогаш се прашував зошто го сакам овој град и сфатив дека и во најтешките моменти, тој е со мене. Му благодарам на Обвинителството што не подлегна на притисокот, што надлежните ја работат оваа работа професионално и човечки и што ми дадоа можност да објаснам што точно се случило. Она што навистина се случи не е ништо од она што го напишаа таблоидите на режимот. Жал ми е што наидов на ужасните провокации на г-динот Антонијевиќ кои траат повеќе од година и пол. Жал ми е што се појави г-динот Антонијевиќ, во моментот кога имав две прекрасни премиери, жал ми е што не можев да издржам и дозволив ова да фрли сенка врз овие два важни настани кои се случија во Ниш. Жал ми е што го направив тоа“, рече Бјелогрлиќ.

Неговиот адвокат, Горан Драганиќ, објасни дека во вештачењето на Бјелогрлиќ не се пронајдени психоактивни супстанции или нелегални количини алкохол.

„Видеото покажа дека нема никаков брутален напад од зад грб. Апсолутно сè беше утврдено со денешните информации и денешната одлука на Основното јавно обвинителство“, рече Драганиќ.

Воопшто не тргнав накај него, тоа го знаат и луѓето кои работат во хотелот „Амбасадор“, јас заминав во тоалет, а реагирав на неговото дофрлување“, појасни Бјелогрлиќ.

За потсетување, неодамна Антонијевиќ го обвини Бјелогрлиќ дека му понудил поткуп на почетокот на 2016 година за да го поддржи филмот „Есента на самураите“, нешто што глумецот подоцна го негираше, тврдејќи дека преписката е фалсификувана.

(Видео) Бјелогрлиќ беше пијан, можеби и дрогиран: Објавена снимката од тепачката со режисерот Предраг Антонијевиќ

Share
Scroll to Top