Жарко Лаушевиќ на операција се заразил со корона

Жарко Лаушевиќ на операција се заразил со корона

пред 3 години

Познатиот глумец Жарко Лаушевиќ е заразен со Ковид-19. Тој од 27 октомври е во ковид-болницата на Бежаниска коса во Белград, а се заразил четири дена претходно, додека му правеле операција на циста на забот.

Дека е заразен си корона, потврди и Лаушевиќ за српските медиуми. Тој рекол дека се чувствува доброи и дека состојбата му е стабилна, но лекарите му препорачале да се лекува во болница бидејќи има висок притисок.

За здравствената состојба на 60-годишниот глумец последен пат се пишуваше лани во јуни, кога му се слоши среде ресторан во Земун. Екипа на брзата помош тогаш дојде во ресторанот за да му пружи помош, а потоа го одведоа во болница, каде што се лекуваше неколку дена.

Share
Scroll to Top