Жената која се омажи за себе, сега се разведува откако запознала некого

Жената која се омажи за себе, сега се разведува откако запознала некого

пред 2 години

Манекенката Крис Галера (33) во септември оваа година се омажи сама со себе на свечена церемонија, но по три месеци реши да се разведе откако се заљубила во некого, пренесуваа Дејли Стар.

Таа реши на соло брак откако ѝ здодеало да се потпира на мажите. Сепак три месеци подоцна, Крис, која потекнува од Сао Паоло, запознала некого и се заљубила, иако вети дека засекогаш ќе биде соло.

„Бев среќна додека траеше“, рече таа и додаде: „Почнав да верувам во љубовта во моментот кога запознав една посебна личност“.

Непосредно пред свадбата во септември, таа изјави дека стигнала до точка каде што созреала и сфатила дека е силна и решителна жена.

„Секогаш се плашев да бидам сама, но сфатив дека треба да научам да се чувствувам добро со себе. Затоа решив да го прославам тоа“, рече таа.

На денот на нејзината венчавка, Крис позираше пред католичката црква во Сао Паоло, Бразил. Таа изјави дека ја одбрала таа венчаница како би го истакнала нејзиниот атрибут, градите.

Share
Scroll to Top