Жељко Јоксимовиќ за првпат по 3 години ќе одржи концерт во Хрватска, во Загреб. Голем број од неговите обожаватели ќе можат да ги слушнат неговите хитови во Арената во Загреб na 18 april 2022 година.
„Пресреќен сум што се враќам во Загреб по три години. Хрватска и публиката во Загреб е многу пребирлива и бара многу и секој концерт во Загреб за мене претставува голем предизвик и на мене е да ги оправдам нивните очекувања и да возвратам со добра музика и енергија, одлична и професионална продукција“, рече Јоксимовиќ.
На репертоарот ќе бидат едни од неговите најпознати хитови и како изведувач и како композитор. Некои од нив ќе бидат „Лане мое“, „Лејла“, „Не е љубов ствар“, „Ни сам због лепота волое“, „Милиметар“, „Дрска жена плава“, „Понело ме“ и многу други.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 25 ноември. Влезот ќе се одвива во согласност со епидемиолошките мерки кои ќе бидат одредени од Националниот штаб за цивилна заштита.