Братот на босанскиот рапер Амар Хоџиќ, познат и како Буба Корели, синоќа бил ранет во пукање во Сараево, пренесуваат српските медиуми. Засега полицијата не ги знае мотивите за пукањето.
Инцидентот се случил околу 19 и 30, во Алипашино Поле, на подрачјето на општина Нови Град Сараево. Полицијата работи на откривање на сторителот.
Од таму велат дека непознато лице со огнено оружје го застрелал братот на познатиот рапер и дека тој во моментов се наоѓа на лекување во болница.
За потсетување Буба Корели, беше уапсен на 16 февруари по пукањето во сараевската населба Ступ.
(Видео) Престрелка во Сараево: пукање кон раперот Буба Корели