Фризурата на руска политичарка стана хит, откако на социјалните мрежи ја споредија со Марџ Симпсон

Фризурата на руска политичарка стана хит, откако на социјалните мрежи ја споредија со Марџ Симпсон

пред 1 година

Валентина Петренко е руска политичарка чија фризура стана хит на социјалните мрежи. Необичната автентична фризура на политичарката со години ги опседнува социјалните мрежи, кога и да се појави во јавноста.

dobivaj vesti na viber

На социјалната мрежа се појави твит кој беше инспириран од руската политичарка. Нејзината фризура ја споредуваат со онаа на Марч Симпсон, а некои коментираат и дека фризурата на Валентина потсетува на мртво животно.

Во една прилика и самата политичарка ги демантирала гласините дека носи перика и истакнала дека нејзината коса е природно виткана, па затоа и тешко се обликува. Таа  не му дозволувала фризерот поинаку да ја обликува нејзината коса, туку тоа го правела сама, но не открила колку време и е потребно за тоа.

Валентина Петренко е родена во Казахстан, има 67 години, од 2001 година работи како сенатор за Каказија. Дипломирала на Ростовскиот државен педагошки институт, докторирала и е член на Комитетот за социјална политика. Зборува руски, полски, англиски и шпански. Таа е мажена и има едно дете.

Share
Scroll to Top