Затворена англиска лабораторија откако илјадници луѓе имале негативен тест

Затворена англиска лабораторија откако илјадници луѓе имале негативен тест

пред 3 години

Британските власти ја суспендираа лабораторијата за тестирање за ковид-19 во англискиот град Вулверхемптон затоа што давала неточен негативен ПЦР тест на илјадници луѓе кои можеби биле заразени.  Истрагата била отвоорена откако голем број луѓе имале негативен ПЦР тест по позитивен резултат на брзите тестови.

Според УКСХА, околу 43.000 луѓе можеби добиле неточен негативен ПЦР тест, најмногу во југозападна Англија, со што и бројот на заразени со коронавирусот бил потценет во периодот од 8 септември до 12 октомври.

„Веднаш ги суспендиравме тестирањата во оваа лабораторија и отворивме истрага. Нема докази дека генерално има какви било грешки во опремата за брзи и ПЦР тестови и јавноста може со доверба да продолжи да се тестира“, рекоа од Агенцијата за безбедност во здравството  кои ја почнаа истрагата.

Share
Scroll to Top