Затворска казна за тинејџерот што му праќаше расистички закани на Маркус Рашфорд по финалето на ЕУРО 2020

Затворска казна за тинејџерот што му праќаше расистички закани на Маркус Рашфорд по финалето на ЕУРО 2020

пред 3 години

19-годишниот Џастин Ли Прајс од Вустер, доби шестнеделна казна затвор за расистички навреди и закани кон англискиот фудбалер Маркус Рашфорд. Тој почна да му се заканува откако напаѓачот на Манчестер јунајтед го промаши пеналот во финалето на ЕУРО 2020, а Англија загуби Италија на „Вембли“.

Прајс расистичката навреда ја објавил на Твитер. Иако неговиот адвокат тврдеше дека тинејџерот е засрамен од своите постапки, објаснувајќи дека раснел само со неговата мајка и работел неколку часа неделно и имал премногу слободно време.

Лани во септември уште еден човек беше осуден на затворска казна за расистички и навредливи коментари кои на својот Фејсбук ги пишувал против Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака, тројцата репрезентативци кои ги промашија пеналите при поразот на Англија.

Share
Scroll to Top