Зашеќерени јаболка како во детството

Зашеќерени јаболка како во детството

пред 2 години

Црвените зашеќерени јаболка многумина ги потсетуваат на детството и панаѓурите. Иако се продаваат и денес, можете да ги подготвите и сами дома.

dobivaj vesti na viber

Потребни состојки:

8 јаболка
550 гр шеќер
180 мл вода
80 гр гликозен сируп
црвена прехранбена боја
8 дрвени стапчиња

Начин на подготовка:

Измијте ги јаболката, извадете ги дршките и на местото каде што биле забодете дрвено стапче. Во големо тенџере измешајте ги шеќерот, водата и гликозниот сируп. Промешајте и оставете да се свари. Кога смесата ќе зоврие, оставете ја да се вари петнаесетина минути и за тоа време не мешајте. Потоа, тргнете ја тавата од оган и додадете ја бојата. Потопете ги јаболката, претходно сите ставени на стапче, едно по едно. Оставете да остинат за смесата да се стврдне, па послужете ги.

Share
Scroll to Top