За првпат во историјата три режисерки во трката за Златен глобус

пред 3 години

За првпат во историјата на доделувањето на наградите Златен глобус, три режисерки успеале да влезат во најтесниот избор за наградата за најдобра режија на овогодишната манифестација.

Реџина Кинг, Емералд Фенел и Клои Жао се режисерките кои на 28 февруари ќе се борат за титулата најдобра филмска режија за наградата Златен глобус.

Во 77 години долгата историја на ова доделување, само 5 жени успеале да влезат во најтесен избор за овој вид награда, па со самото тоа овогодишниот успех на режисерките е навистина посебен.

Освен овогодишните номинации, низ историјата на Златните глобуси, пет жени кои успеале да влезат во најтесниот круг за награда за најдобра режија се Барбара Страјсенд, Џејн Кемпион, Софија Копола, Ава Дувернеј и Кетрин Бигелоу.ж

Реџина Кинг е режисерка на филмот „One Night In Miami“, Фенел на „Promising Young Woman“ додека Клои Жао го режираше „Nomadland“.

Покрај нив, за наградата за најдобра режија ќе се бори и Дејвид Финчер со филмот „Mank“ (6 номинации) и Арон Соркин чиј филм „The Trial of the Chicago 7“ доби вкупно 5 номинации.

Кога станува збор за ТВ серии, најмногу номинации за Златен глобус има серијата на „Netflix“ – „The Crown“ (вкупно 6 номинации), потоа следи серијата „Schitt‘s Creek“ со 5 номинации, сериите „Ozark“ и „The Undoing„ со 4 номинации и сериите „The Great“ и „Ratched“ кои имаат по 3 номинации.

Доделувањето на Златните глобуси е закажана за 28 февруари 2021 година, а свеченоста ќе ја водат актерките Тина Феј и Ејми Полер.

Share
Scroll to Top