За фотографија во бикини, шпанските медиуми на девојката на Пике и понудиле милион долари

За фотографија во бикини, шпанските медиуми на девојката на Пике и понудиле милион долари

пред 2 години

Клара Чиа Марти, девојката на фудбалерот Жерар Пике ја одбила понудата на шпански медиуми во интервју да раскаже се што знае за Шакира, па сега и нудат милион долари за само една фотографија.

Станува збор за фотографија во костим за капење, како што пишува Essentiallysports. Папараците веќе се обиделе да ја уловат во едно такво издание, но било неуспешно. Шпанските медиуми пишуваат дека цената е еден милион долари, но висината на наградата би можела да биде и поголема.

Двојката досега ја држеа својата врска подалеку од очите на јавноста, но овој скап предлог би можел да значи зголемено медиумско внимание и за двајцата. Понудата е контроверзна бидејќи вклучува плаќање на приватни моменти и меѓучовечки односи, што многумина го осудуваат и не го одобруваат.

Иако не е јавна личност, поради врската со Пике, Клара неодамна доби многу финансиски понуди. Неодамна и беше понудена огромна сума за интервју во кое фокусот ќе биде ставен на врската помеѓу неа и Пике.

Шпанските медиуми и понудија милион долари за да се појави на телевизија, но и да ја омаловажат Шакира.

Share
Scroll to Top