„Здраво млади“ вечерва во паркот во МКЦ

„Здраво млади“ вечерва во паркот во МКЦ

пред 3 години

Во паркот на МКЦ вечерва почнува музичкиот фестивал „Здраво млади“. Годинава ќе се одржи согласно актуелните протоколи за организирање настани во отворен простор.

На две бини посетитителите ќе можат да ги проследат Hercules & Love Affair, шпанските пост-панкери Belgrado, KOIKOI од Белград, Murman Tsuladze со магичниот килим од Грузија, мистериозниот романтик од Хрватска – Peki Pele, Shortparis од Русија, домашните Луфтханза, ИСКРА и Blackstate и Ирецот диџеј Фиц.

Покрај музичката програма, ќе има и изложба на Бранкица Јордановска насловена „Маска или преобразба на изопаченото“. Исто така, ќе бидат изложени сите постери од Конкурсот за официјален постер на фестивалот на кој победи Катја Штркова.

Вратите се отвораат во 18 часот.

Share
Scroll to Top