Зеленото сако на Славјанка е во тренд, ме бендиса и косата оти не ѝ беше тапирана: Креаторот Јовановски за стилот на министерката во Лондон

Зеленото сако на Славјанка е во тренд, ме бендиса и косата оти не ѝ беше тапирана: Креаторот Јовановски за стилот на министерката во Лондон

пред 2 години

Министерката за одбрана Славјанка Петровска беше во прва официјална посета на Обединетото Кралство. Таа имаше средба со британскиот државен секретар за одбрана Бен Волис, а почесната гарда ѝ ја отсвири „Јовано, Јованке“ во знак на почит кон министерката Петровска. По нејзиното појавување многумина го коментираа стилот на министерката. Во очи падна нејзиното зелено сако во јака боја, како и високите салонки кои малку и го отежнаа движењето по ситните камчиња по кои мораше да се движи.

Според модниот креатор Златко Јовановски познат како ЈЗЈ, министерката го погодила стилот за посетата на Британија. Тој за Репортер вели: „Прво, браво за пегланата коса и што не беше тапирана. Едноставно и убаво. Ми се допадна што госпоѓата Славјанка одбрала јака боја. Тоа е сега огромен хит и тренд. Се носи или јака зелена боја, во мода е цикламата па и жолтата нијанса. Искрено ме бендиса зеленото сако, а и неговата должина за оваа пригода. Исто така златниот брош со златните копчиња си одговара супер. Да бидам реален, мене ми се  допадна цел стајлинг, можеби јас само би одбрал црни чевли, наместо крем, но не сметаше ни оваа комбинација. Ми се допаѓа кога луѓето на висока функција се во тренд и се модерни, а и не се досадни со стилот, како што тоа го прават повеќето политичари и функционери“, рече за Репортер модниот креатор Златко Јовановски.

За посетување, ЈЗЈ  важи за едно од познатите модни имиња, ама не само кај нас, туку и во светот. Тој ја облече Ава Макс за насловната на „Хер магазин“, пред неколку години неговите креации се носеа на модната недела во Лондон како и во Кина. Златко досега ги облече и повеќето српски пејачи, а неговите модели беа и на насловната на „Космполитен“.

Share
Scroll to Top