Знаци дека имате недостаток на самодоверба

Знаци дека имате недостаток на самодоверба

пред 3 години

Често пати слушаме за тоа колку е важна самодовербата како би оствариле успеси на сите животни полиња – од оние деловните до успешните и исполнетите емотивни односи со партнерот, правите и искрени пријателства.

Со други зборови, тогаш кога добро се чувствуваме во својата кожа и свесни сме за сите свои вредности, како и маните на кои сакаме да работиме, спремни сме да се стремиме кон целта, а за тоа можеби не сме ни свесни. Секако, многу е важно да се освестиме себеси, како би успеале нешто и да промениме кај себе.

Исфорсиран оптимизам

Позитивноста, оптимизмот и насмевката и тоа како се врлини. И на некој начин се одраз на нашата снага, верба во сопствените капацитети. Сепак, понекогаш тие се исфорсирани, вештачки, кога насмевката е усилена, и на граница е да се претвори во оној израз од кои се издава целиот страв и неизвесноста која понекогаш ја чувствуваме.

Или, еве еден конкретен пример – кога некој нема проблеми со самодовербата, ќе зборува отворено и за своите проблеми, негативните искуства, тешките денови, а во спротивно, кога сме несигурни во себе, ние го поттиснуваме тоа и пред другите, и пред себе, правејќи се дека сѐ е во најдобар ред.

Перфекционизам

Да бидете прецизни, детални, посветени е исто така врлина. Меѓутоа, понекогаш перфекционизмот подразбира опсесивно-комплусивни дејствија, како на пример кога имаме потреба на секои пет минути да исчистиме некоја површина, или кога на пример ни смета ако моливот на работната маса не стои баш онака како што сме навикнале, тогаш под таквиот перфекционизам се кријат несигурности и недостаток на самодоверба.

Ги обвинувате другите

Исто така, префрлувањето вина на другите за сопствените пропусти е типичен образец за однесување кај сите оние на кои им недостига самодоверба.

Не умеете да кажете НЕ

Во животот е многу важно да умеете да кажете НЕ. Во спротивно стануваме жртви на туѓите барања. хирови, гушејќи ја сопствената волја. За тоа секако е потребно да бидеме свесни за себе, како би разбрале дека кога ќе кажеме НЕ, не ја одбиваме таа личност која ни упатила барање, туку го одбиваме барањето како такво.

Share
Scroll to Top