Избришана петицијата со која се бараше Дино Мерлин да му се забрани да пее во Србија

Избришана петицијата со која се бараше Дино Мерлин да му се забрани да пее во Србија

пред 1 година

Петицијата која беше покрената на 27 јули за забрана за влез на Дино Мерлин во Србија е избришана од веб-страницата Peticije.online. Дури 60.115 луѓе беа потпишани до моментот кога беше избришана.

„Ние сме одговорни за содржината што нашите корисници ја објавуваат на нашата веб страница. Кон петицијата има силни обвинувања, а ние немаме ресурси да потврдиме дали истите се вистинити“, објавија креаторите на истата.

За потсетување, петицијата беше започната Дино Мерлин го објави првиот датум на концертот во арената во Белград, кој беше распродаден за само неколку часа, а веднаш потоа следуваа термините за уште три концерти. Досега се распродадени три, а се очекува и четвртиот да биде распродаден до последно место.

Како што потврди директорот Горан Грбовиќ, капацитетот на Старк Арената кога се во прашање концертите е околу 15.000 плус ВИП места, во кои можат да се сместат најмногу 17.000 луѓе. Кога тој максимален број од 17.000 ќе се помножи со 4 концерти, се доаѓа до бројката од 68.000 луѓе.

Ова е малку повеќе од бројот на луѓе кои се потпишале на петицијата, која сега е избришана.

Мерлин има закажано концерти за 18, 19, 21 и 22 ноември, од кои три се распродадени, а четвртиот се очекува да биде пополнет во рекордно време. Изнајмувањето на Старк Арена чини 25.000 евра, што значи дека само за тоа Мерлин има фиксна цена од 100.000 евра, пренесе „Телеграф.рс“.

Сите бројки се однесуваат на 4 концерти, бидејќи евентуалниот петти или шести сè уште не е официјално закажан.

Share
Scroll to Top