Излези, излези, ништо нема да ти направам: Жена го фати мажот во кола со друга

Излези, излези, ништо нема да ти направам: Жена го фати мажот во кола со друга

пред 2 години

Случајни минувачи на улиците на градот Сантијаго во Доминиканската Република, биле сведоци на вистинска драма, наводно љубовна, откако една постара жена се качила на хаубата на такси и почнала да вика и да удира со тупаници по прозорецот од автомобилот, барајќи љубовницата на нејзиниот маж да излезе.

„Излези, излези слободно. Ајде да разговараме. Не сакам ништо од тебе. Не дојдов да се тепам“, вреска таа, привлекувајќи го вниманието на локалните жители, кои го снимија ова видео.

Иако во автомобилот со затемнети стакла не се гледа колку луѓе има во возилото, наводно покрај љубовницата, внатре бил и сопругот на жената која во напад на љубомора и гнев се качила на хаубата на таксито.

 

Share
Scroll to Top