Изнервиран Шкот собира пари да испрати во вселената човек што верува дека Земјата е рамна и да му докаже дека е будала

Изнервиран Шкот собира пари да испрати во вселената човек што верува дека Земјата е рамна и да му докаже дека е будала

пред 3 години

Дури и во 2021 година има луѓе што веруваат дека Земјата е рамна, а научниот факт дека таа има облик на сфера претставува теорија на заговор за нив.

Марк Голд од Шкотска решил да преземе нешто во врска со тоа и започнал кампања за собирање средства со кои едно лице што верува дека Земјата е рамна ќе се испрати во вселената.

Кампањата на Go fund me е во тек, а парите што ќе се соберат ќе бидат искористени за резервирање место на комерцијален лет до вселената со надеж дека ќе ѝ се стави крај на теоријава. Досега се собрани само 240 фунти од потребните 250 илјади фунти.

Голд се обратил до Илон Маск, извршниот директор на „Спејс икс“, и до Ричард Бренстон, извршен директор на „Вирџин галактик“, барајќи поддршка за проектот, но досега не добил повратен одговор.

„Имам неколку пријатели што веруваат дека земјата е рамна, и ми е без смисла тоа што го тврдат. Тие ги нарекуваат астронаутите, актери што се платени да лажат, и од тоа ми врие крвта бидејќи тоа се луѓе што едвај ги задржуваат работните позиции и не прават ништо такво. Одлучив да им дадам шанса со овој проект, со кој ќе собереме пари и ќе испратиме некој од нив во вселената за еднаш засекогаш да се реши заговоров. Морам еднаш да докажам дека се будали што мислат дека земјата е рамна“, изјавил Голд.

Ова не е првиот вселенски проект поврзан со оваа теорија. Минатата година Мајк Хјуз, кој верувал дека Земјата е рамна, починал при несреќа со ракета што ја направил самиот за мисија со која верувал дека ќе го докаже тоа.

Share
Scroll to Top