Илон Маск лансираше парфем, продаде 10.000 шишиња и заработи милион долари

Илон Маск лансираше парфем, продаде 10.000 шишиња и заработи милион долари

пред 2 години

Илон Маск во продажба го пушти неговиот парфемот Burnt Hair. Најбогатиот човек на светот продаде 10.000 парфеми за само неколку часа и заработи еден милион долари.

dobivaj vesti na viber

„Со име како моето, влегувањето во бизнисот со парфеми беше неизбежно. Зошто чекав толку долго?“, напиша Маск на Твитер.

Парфемот чини 100 долари, а испораките ќе почнат во првото тримесечје на следната година.

Маск освен што е сопственик на автомобилската компанија Тесла, тој исто така произведува текила, капи и пламенофрлачи, а од сега и парфем.

„Ве молам, купувајте го мојот парфем за да можам да го купам Твитер“, твитна Маск вчера.

Share
Scroll to Top