Илон Маск му го суспендираше профилот на Твитер на Канје Вест

Илон Маск му го суспендираше профилот на Твитер на Канје Вест

пред 1 година

Профилот на Твитер на американскиот рапер Канје Вест повторно е суспендиран поради кршење на правилата на платформата за социјалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Дадов се од себе. И покрај тоа, тој повторно го прекрши нашето правило против поттикнување насилство. Налогот ќе биде суспендиран“, изјавил Илон Маск.

Пред да го суспендира профилот на Вест, Твитер го ограничи и бројот на неговите објави.

Во октомври популарниот рапер, кој законски го смени своето име во Је, начелно се согласи да ја купи социјалната мрежа Парлер, само неколку дена откако Твитер и Инстаграм му го суспендираа профилот поради неговите антисемитски коментари на социјалните мрежи.

Сепак, двете страни се согласија да го прекинат купувањето.

Share
Scroll to Top