Илон Маск се понуди да го купи Твитер за 41 милијарда долари

пред 3 години

Сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, неодамна купи 9,2% акции во Твитер за 54,20 долари од акција, со што стана нивниот најголем акционер. Тој сега се понуди да ја купи целата компанија за 41 милијарда долари, иако пред неколку дена одби да влезе во нејзиниот управен одбор.

„Откако инвестирав во компанијата сфатив дека таа во својата сегашна форма не може да напредува, ниту да му служи на општествениот императив. Твитер мора да се трансформира како приватна компанија. Понудата што ја дадов е мојата најдобра и конечна и ако не биде прифатена, ќе мора да ја разгледам мојата позиција како акционер“, изјави Маск.

Тој во текот на изминатиот викенд предложи големи промени на Твитер, па ги праша своите 81 милион следбеници дали социјалната мрежа е во умирање и дали нејзиното седиштето треба да се претвори во засолниште за бездомници.

Share
Scroll to Top