Интернационалната музичка светска атракција, „Ил Диво“ на 15-ти октомври ќе има концерт во Скопје во „Арена Борис Трајковски“.
Подготовките се во полн ек, а македонската публика прв пат ќе има можност да биде дел од какво што „Ил Диво“ го приредуваат секаде ширум светот, рушејќи ги концертните рекорди.
Сценскиот проект на оваа турнеја е посебно шоу со одлични ефекти, светло, ласери и визуелизации. За ова ќе се погрижи тим од 50 професионалци задолжени за продукцијата и за техничката реализација на концертот.
Целиот тим кој работи на комплетната техничка реализација на нивната светска турнеја го подготвува и големиот спектакл во Скопје.
Интересот за овој концерт е огромен во целиот регион, велат организаторите од „Прагма продукција“ а влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на kupikarta.com