Им држам палци за среќа, Бастијан Швајнштајгер навиваше за Србија

Им држам палци за среќа, Бастијан Швајнштајгер навиваше за Србија

пред 3 години

Легендарниот германски фудбалски репрезентативец, рече дека покрај Германија на ова Светско првенство навива и за Србија.

Сопругот на поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, е голем фан на „орлите“ и објави фотографија како навива пред телевизорот додека во квалификациите играа Србија и Азербејџан.

„Мојата земја веќе се квалификуваше. Ајде да погледнеме уште еден важен натпревар за моето семејство. Да држиме палци и да им посакаме многу среќа“, напиша Швајнштајгер на „Твитер“.

За потсетување, неговата поранешна репрезентација, Германија ја победи Македонија со 4:0 во Скопје, додека Србија беше подобра од Азербејџан со 3:1 и е прва во групата пред Португалија.

 

Share
Scroll to Top