Индијката Рамбаи од северната сојузна индиска држава Харајана иако има 105 години, реши да се натпреварува во трчање дури лани. Таа веќе има освоено голем број златни медали на помали натпревари и нема намера да се откаже.
„Учеството е поважно од освојувањето медал, објаснува Рамбаи игнорирајќи ги повиците на нејзиното семејство „да се смири“ на нејзините години.
Таа укажува дека тоа нема да се случи наскоро, бидејќи неодамна го открила трчањето, а не знаела дека има категории и за подоцнежните возрасни групи. Како што јавуваат тамошните медиуми, во нејзината возрасна категорија понекогаш е и единствената натпреварувачка, но вели, тоа не ѝ пречи.
Таа неодамна учествувала на трка на 100 метри во сојузната држава Гуџарат и ја завршила за 45,40 секунди. Таа освоила и златен медал на 19 јуни во трката на 200 метри, којашто ја минала за 52,17 секунди.