„Интернет експлорер“ згаснува в година

„Интернет експлорер“ згаснува в година

пред 4 години

Вчера, од „Мајкрософт“ објавија дека в година и официјално ќе го згаснат „Интернет експлорер“, пребарувачот што го создадоа пред 26 години, а кој денес главно е напуштен поради тоа што корисниците се префрлија на конкурентските пребарувачи „Хром“ на „Гугл“ и „Сафари“ на „Епл“.

„Објавуваме дека иднината на ‘Интернет експлорер’ во ‘Виндоус 10’ е во ‘Мајкрософт еџ’, кој е побрз, побезбеден и далеку помодерен пребарувач од својот претходник“, велат од компанијата.

Легендарниот пребарувач што го прегази времето беше лансиран со „Виндоус 95“, а ќе престане да има поддршка во „Виндоус 10“ по 15 јуни 2022. Компанијата веќе со години го згаснува овој пребарувач бидејќи во 2019 го користеле само 8 % од луѓето. Интернет-страниците и апликациите засновани на „Интернет експлорер“ ќе продолжат да работат со „Еџ“ најмалку до 2029 година.

Лансиран во 1995 година, „Интернет експлорер“ своевремено беше најпопуларниот интернет-пребарувач покривајќи 95 % од пазарот во 2003. Сепак, неговото користење беше во постојан пад од 2010 година кога приматот почнаа да го преземаат далеку побрзите пребарувачи „Фајрфокс“ и „Хром“.

Share
Scroll to Top