Инфлуенсерката Жана Самсонова (40), позната и како Жана Д’Арт, од Југоисточна Азија која беше позната по тоа што промовираше сирова веганска исхрана, почина од глад.
Во последните седум години, Жана јадела само овошје, никулци од семки од сончоглед, овошно Фрапе и сокови и свежи овошја, пренесе „Дејли мејл“. Пријателите велат дека нејзините навиките биле загрижувачки и рестриктивни во последните месеци.
Мајка ѝ Вера Самсонова рече дека Жана починала на 21 јули од инфекција слична на колера, која била отежната со исцрпување на телото од веганска исхрана. Сепак официјалната причина за смртта сè уште не е потврдена бидејќи семејството се обидува да го врати телото во Русија.
Вера не ја одобрувала екстремната диета на нејзината ќерка ѝ се обидела да ја разубеди и да воведе поурамнотежени навики, но таа ја одбила. Анонимен пријател рече дека ја видел Жана во Шри Ланка пред неколку месеци и дека целата била исцрпена.
Се обидел да ја однесе во болница, но го одбила. Кога ја виделе во Пукет, биле шокирани од нејзината состојба.Жана беше на веганска исхрана околу 10 години, почнувајќи со повремено консумирање риба и млечни производи. Меѓутоа, со текот на годините нејзината исхрана станувала сè порестриктивна. Според една пријателка, во последните седум години јадела само дуриан, овошје познато по силниот мирис.