Иранскиот режисер Дариуш Меџуи и неговата сопруга избодени до смрт во нивниот дом

Иранскиот режисер Дариуш Меџуи и неговата сопруга избодени до смрт во нивниот дом

пред 7 месеци

Иранскиот режисер Дариуш Мерџуи (83) и неговата сопруга Вахидех Мохамадифар се избодени до смрт во нивниот дом близу Техеран. Нивната ќерка Мона Мерџуи вчера ги пронашла нивните тела со убодни рани во вратот кога отипла да ги посети, информираше иранската новинска агенција ИРНА.

Во тек е истрага за убиствата, но властите не кажаа ништо за евентуалниот мотив, иако сопругата на Мерџуи изминативе недели се жалела дека на социјалните мрежи добиваат закани.

Мерџуи, на Запад често нарекуван и ирански Бергман, беше член на Иранската академија на уметностите и основач на Новиот бран на иранскиот филм од раните 1970-ти. Неговиот втор филм „Кравата“ се смета за прв филм од ова движење, во кој беа вклучени и Масуд Кимијаи и Насер Такваи. Повеќето од неговите филмови се инспирирани од литературата и адаптирани од ирански и странски романи и драми.

Неговиот последен филм „Ламинор“ излезе во 2019. Добитник е на број ни награди меѓу кои и Златна школка на фестивалот во Сан Себастијан во 1993. Во раните 1960-ти Мерџуи студирал на филмската школа на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес.

Share
Scroll to Top