Ирена, Горан и Каан договорија нова помош од Владата за естрадните уметници

Ирена, Горан и Каан договорија нова помош од Владата за естрадните уметници

пред 3 години

Новото раководство на Здружението на естрадните уметници со председателот Горјан Стојановски и седум члена на управниот одбор, успеаа да се договорат и да обезбедат пари за 730 членови на Естрадното здружение како поддршка за справувње со последиците од короната.

Владата денес на 28. седница одлучи да им додели помош на естрадните уметници во висина од по две бруто минимални плати 21.776 ден.

„Во ова тешко време за сите нас како едни од најпогодените сме и ние естрадните уметници и драго ни е што, еве, новото раководство, успеавме да најдеме заеднички јазик со Владата и со четвртиот пакет мерки не опфати и нас“, велат Горјан Стојановски,  Ирена Спасовска и Каан Мазар кои преговараа  со Владата.

Share
Scroll to Top